Top Sport

Сензација на АО – Втората носителка испадна од 115.тенисерка на ВТА листата

Втората носителка на Австралија, Арина Сабаленка испадна во осмина-финалето. Тенисерката од Белорусија, доживеа пораз од 115. на ВТА листата, Каја Канепи од Естонија.

Мечот во Мелбурн траеше два часа и 21 минута. Канепи победи во супер-тајбрејокот, откако во 12 гем не искористи четири меч топки.

Претходно, Сабаленка го доби првиот сет со 7/5, а 36-годишната Канепи возврати во вториот со 6/2.

Сервисот, во оој меч ја уништи Сабаленка. Белоруснката направи 15 дупли грешки, вкупно имаше 46 неизнудени грешки и 36 директни поени. На спротивната страна Канепни забележа 30 директни поени и исто толку неизнудени грешки.

Канепи, во четврт-финалето, ќе игра против Ига Швјонтек која исто така со пресврт славеше против Сорана Михаела Кирстеа од Романија.

Scroll to Top