Top Sport

Сензација на Вимблдон: Втората носителка елиминирана во второто коло

Првото големо изненадување на Вимблдон се случи кај дамите. Елиминирана е втората носителка Анет Контавеит, која во второто коло загуби од Џуле Нимајер од Германија.

Тенисерката која е рангирана на 97.позиција на ВТА ранг-листата го доби мечот против фаворитката во два сета, со 6-4, 6-0.

Досега Германката немаше ниедна победа против некоја од најдобрите 20 тенисерки во светот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');