Одбојкарската репрезентација Србија во драматични пет сета со 3:2 (23:25, 25:23, 25:21, 17:25, 15:7) ја шокираше Франција во „Берси“ во Париз за да се пласира во финалето на Европското првенство, каде што ќе се сретне со репрезентацијата на Словенија, која вчера ја елиминираше Полска со 3:1.
Во преполната „Акорсхотел арена“, домаќините и првите фаворити за златото, Франција започнаа одлично, користејќи ги сите грешки на противникот за да поведат со 22:18 и потоа да изддржат за да го освојат сетот со 25:23.
Меѓутоа, српските одбојкари не се исплашија од атмосферата и во вториот сет имаа предност од 19:11, пред да го освојат со 25:23, додека во третиот сет, Французите прво успеаја да се одлепат, но Србија се врати и поведе со 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет, Французите беа апсолутно доминантни дозволувајќи им само 17 поени на Србите, но во тај-брејкот, Србија поведе со 5:0, за на крајот со 15:7 да стигне до фантастична победа.