Грчката тениска сензација Стефанос Циципас го направи најголемото изненадување досега на „Мелбурн парк“, елиминирајќи го 20-кратниот гренд слем шампион Роџер Федерер во интересна (и контроверзна) 6:7(11)/7:6(3)/7:5/7:6(5).
20-годишниот Циципас, кој претходно призна дека како дете учел тенис гледајќи го Федерер на Јутјуб, издржа во мечот на нервите против шесткратниот актуелен шампион од Мелбурн за да се пласира во четврт-финалето на Австралија опен, каде што ќе игра со Шпанецот Роберто Баутиста Агут, откако тој во маратон од четири часа со 6:7(6)/6:3/6:2/4:6/6:4 го победи хрватскиот фаворит Марин Чилиќ.
Мечот почна со малку тензии, откако Циципас уште во првиот гем од мечот доби опомена за пречекорување на времето за сервис, а во тај-брејкот имаше доста спорен момент, кога на сет-топка на Циципас, еден навивач силно викна „аут“, што му направи проблеми на Циципас, а судијата Џејмс Кеотавонг реши да не го прекине гемот.
What a way to lose the set!
Someone from THE CROWD calls out midway during a rally!
Federer takes the opener pic.twitter.com/dR4etcLpnC
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 20, 2019
Сепак, Циципас потоа ги заддржа нервите и иако не успеа да дојде до брејк, го освои вториот сет со одлична игра во тај-брејкот. Во третиот сет тој направи два брејка за да го освои, за на крај да стигне до славна победа.
„Не можам да го опишам чувството! Јас сум најсреќниот човек на светот во моментов. Од почетокот верував во себеси и во моите квалитети. Роџер е легенда на спортот толку години, а јас ја следам неговата игра од мојата шеста година. Сонот ми се оствари“, изјави Циципас по победата.
Фото: ЕПА