Top Sport

Сензација во Мелбурн, испадна првата носителка

Каролина Мухова приреди едно од најголемите изненадување на годинешното издание на Австралија опен. Тенисерката од Чешка, во четврт-финалето, со пресврт, успеа да ја елиминира светската број 1, Ешли Барти.

Мухова славеше во три сета со 1/6, 6/3, 6/2 за 111 минути игра. Во полу-финалето Мухова ќе игра против Американката Џенифер Брејди.

До првото Гренд слем полу-финале, Мухова дојде на импресивен начин, откако за 25 минути го загуби првиот сет, во кој освои само еден гем. Во првиот сет, Мухова направи само еден винер и имаше 18 неизнудени грешки.

На стартот од вториот сет таа побара медицински тајм-аут, кој траеше речиси 10 минути. Мединските лица и го мереа пулсот и телесната температура. Потоа таа се врати на теренот и започна да игра многу подобро, а нејзината противничка правеше грешки во серија. Барти на крајот имаше 37 неизнудени грешки.

Мухова, 27 на ВТА листата, во еден момент осови осум од девет гемови.

Ова е нејзина втора победа над тенисерка од Топ 5, а во сингл има само една титула во кариерата.

Мухова во полу-финалето ќе игра против 24. на ВТА листата, Американката Џенифер Брејјди.

И Брејдо до најголемиот успех во кариерата дојде со пресврт, во дуелот со сонародничката Џесика Пегула. Брејди победи со 4/6, 6/2, 6/1.

Scroll to Top