Top Sport

Сензација во Њујорк – Испаднаа Павиќ и Мектиќ

Најдобриот дубл во светот, Никола Мектиќ и Мате Павиќ, доживеа сензационална елиминација во првото коло на Ју-ес опен.

Хрватите, кои пред Ју-ес опен го освоија Вимблдон и победија на Олимписките игри, во два сета со 2/6, 5/7 испаднаа од Американците Натаниел Ламонс и Џексон Витроу.

Американската двојка со специјална покана од организаторот добија можност да настапат на последниот гренд слем во сезоната.

Во првиот сет ги надиграа противниците, направија три брејка и поведоа со 1:0. Во вториот Ламонс и Витроу имаа брејк во петтиот гем, Павиќ и Мектиќ возвратија во 10 гем кога израмнија на 5:5, но веќе во наредниот гем доживеаја брејк и на крајот испаднаа од турнирот.

Американската двојка во второто коло ќе игра пртив литванско-француската комбинација Беранкис и Пер.

Scroll to Top