Хрватската тенисерка Петра Мартиќ (28 години), 31. на ВТА листата, уште на стартот на денешниот натпреварувачки ден на гренд-слем турнирот во Париз се погрижи за сензација. Ја победи со 2-0 (6-3 6-3) втората светска тенисерка во моментов, Каролина Плишкова од Чешка.
Хрватката феноменално го одигра првиот сет во кој направи два брејка.
Добрата игра ја продолжи и во вториот сет, и го одзема на Плишкова третиот сервис, по што се редеа брејк можности на двете страни.
Сепак Мартиќ на свој сервис успеа да ја победи Плишкова која и станува „пациент“ затоа што ова беше нивниот петти меѓусебен дуел, а Хрватката води со 4-1 во победи.
„Одлично одиграв, иако Каролина постојано ме држеше под притисок. Успеав добро да одговорам на се и се надевам дека ќе продолжам да победувам. Цела се тресам“ – рече Мартиќ непосредно по завршувањето на мечот во Париз.