Јоханес Штролц од Австрија, забележа сензационална победа во Аделбоден. Штролц, кој никогаш досега во кариерата не бил меѓу најдобрите тројца, ја изненади конкуренцијата и успеа да победи во трката, во слалом.
Штролц, стартуваше како 38, по првата трка беше седми, но возеше брилијантно во втората трка и успеа да победи со вкупен резултат 1:50.05 минути.
Јоханес е син на Хуберт Штролц, олимпискиот шампион во спуст, во 1998 година.
Успехот на Австрија го надополни, Мануел Фелер, кој го освои второто место (1:50.22).
Голем успех оствари и Геранецот, Линус Штрасер, кој го освои третото место и покрај тоа што по првата трка беше 14.
Најдобрите светски скијачи наредниот викенд ќе возат во Венген.