Ботик Ван де Зандшулп ја приреди една од најголемите сензации, во последната деценија на Ју-ес опен.
Холанѓанецот, кој е 74-ти во светот, во второто коло на турнирот во Њујорк го елиминира третиот носител и поранешен шампион на турнирот Карлос Алкараз по 140 минути игра, 6:1, 7:5, 6:4.
Ботик одигра фантастичен, а Алкараз мизерен меч за неговите стандарди. Ван де Зандшулп го првиот до последниот поен го контролираше мечот, а одособено импресивен беше во првиот сет кој го доби за 30 минути со 6:1.
Во следната рунда Холанѓанецот ќе игра против Британецот. Џек Дрејпер.