Американскиот тенисер Брендон Накашима направи голем подвиг со пласманот во третото коло на Мастерсот во Шангај.
Моментално 122. играч во светот беше подобар од третиот носител на турнирот и петти на АТП листата Холгер Руне со резултат 2:0.
По нешто повеќе од еден час во сетови беше 6:0, 6:2 за прва победа на Накашима против играч од Топ 10.
Руне од Вимблдон до Пекинг немаше победа, се мачеше со повредта на грбот и врза шест порази, но во главниот град на Кина победи против Оже-Алијасим, а потоа загуби од Димитров.
Во следното коло, Американецот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Томас Мартин Ечевери и Јижен Жанг.
Претходно пласман во третото коло обезбедија Душан Лајовиќ, Крис Јубенкс, Фабијан Марошан и Каспер Руд.
Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај изнесува 8,8 милиони долари.