Top Sport

Сензационален успех – Попирин го освои Мастерсот во Монтреал

Австралискиот тенисер Денис Попирин е победник на Мастерсот во Монтреал.

Тој во два сета со 6:2, 6:4 го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљoв и со тоа стигна до својата прва голема титула во кариерата.

По оваа голема победа, Попирин стигна до својот највисок пласман во кариерата, па сега се наоѓа на 23. место на АТП листата.

„Ова е доказ дека сета напорна работа што ја вложив во сите овие години се исплати. Сигурно најдобрата недела во мојата кариера, не само поради титулата, туку и поради имињата на тенисерите што ги победив“.

На патот до титулата, Попирин победи тројца играчи од топ 10 и двајца кои се маѓу 20. најдобри во светот.

Scroll to Top