Легендарната американска тенисерка, Серена Вилијамс смета дека најдобриот во историјата на тенисот на теренот и надвор од него, без дилема е Роџер Федерер. Вилијамс и Федерер е родени во иста година, далечната 1981, но се уште не можат предвреме да бидат отпишани.
Кога се состанаа во двојки, на Хопман купот, Американката рече дека е воодушевена од својот колега.
„Бев многу возбудена, тоа беше меч на мојата кариера. Да играте против некој на кого му се воодушевувате, тоа не се случува често. Уште побитно е тоа што се работеше за меч со натпреварувачко значење. Тој е најголемиот на сите времиња, на теренот и надвор од него“ – рече Серена Вилијамс.
Тениската сезона моментно е во прекин поради пандемијата на коронавирусот во светот. Прашање е кога ќе продолжи.
Федерер е рекордер по бројот на освоени грен слем АТП титули, вкупно 20, а Вилијамс во богатата кариера има три пехари повеќе од Швајцарецот.