Top Sport

Матеус удри по Ноер: Баерн многу го почитува, а тој е дрзок!

Легендата на Баерн Минхен и на фудбалската селекција на Германија, Лотар Матеус упати критики до првиот голман на Баварците, Мануел Ноер. Чуварот на мрежата бараше нов петгодишен договор, без намалување на заработката, но клубот од Минхен во пракса на играчите постари од 30 години не им дава договори поголеми од 2 години.

„Во овие тешки времиња, Ноер треба да се сети што се Баерн направи за него, да му биде благодарен на клубот, затоа што почитувањето не може да биде во еден правец“ рече Матеус.

Првиот голман на „Панцирите“ имаше сериозни проблеми со грбот, поради што пропушти голем дел од мечевите, а сега кога се опорави, се чини не успеа да ја достигне поранешната форма. Сепак Баерн не му сврте грб, му понуди нов договор.

„Не се сеќавам дали има играч на кој Баерн му укажал поголема почит од онаа кон Мануел Ноер. Тој тврдоглаво инсистира на долгогодишен договор, што е прилично дрско, такво нешто не би прифатил ниту еден клуб во светот“ – изјави Матеус од позиција на стручен консултант на „Скај Спорт“.

Scroll to Top