Серена Вилијамс ја забележа 100 победа во кариерата на Ју-Ес опен. Американката во четврт-финалето ја растури Кинеската Ванг Чијанг со 6/1, 6/0.
Серена одигра еден од најкратките мечеви оваа година, таа мина само 44 минути на теренот, а на противничката и препушти само еден гем.
Според статистиката Кинеската мечот го завршила со само 15 освоени поени, без ниту еден винер, а направила 13 неизнудени грешки. На својот прв сервис освоила само три поени.
Од другата страна Серена освоила вкупно 50 поени, а мечот го завршила со 25 директни поени и само 10 неизнудени грешки. Серена во вториот сет на противничката и препуштила само четири поени.
Во полу-финалето Серена Вилијамс за противничка ќе ја има Елина Свитолина.