Top Sport

Серена испадна од Ролан Гарос

Американката Софија Кенин приреди големо изненадување на Рплан Гарос. Таа во третото коло ја елиминира славната сонародничка Серена Вилијамс.

Кенин, во моментов 35 на ВТА листата, против носителката на 23 Грен слем успеа да победи во два сета 6:2, 7:5. Мечот во Париз траеше 92 минути.

За 20 годишната Кенин ова е најдобриот резултат на Грен слем турнирите, бидејќи никогаш не успеала да стигне до осмина-финалето.

За пласман во четврт-финалето Кенин ќе игра против Ешли Барти од Австралија. Таа со 6:3, 6:1 ја победи Андреа Петковиќ од Германија.

Scroll to Top