Серена Вилијамс го доби сестринскиот дуел, против Венус, во третото коло на Флешинг Медоуз.
Тенискиот класик се одигра на централниот стадион во Њујорк „Артур Еш“, а Серена на постарата сестра и препушти само три гема.
До шестата последовна победа во дуелите со Венус, Серена дојде со резултат 6:1, 6:2.
Постарата Венус, беше поуспешна во раните фази на нивните кариери, меѓутоа од 2002 година наваму доминира Серена, која добила 11 од последните 16 меѓусебни дуели.
Серена за пласман во осмина-финалето ќе игра против Естонката Каја Канепи.