Серена Вилијамс, веројатно најдобрата тенисерка на сите времиња, ја заврши кариерата со пораз од Ајла Томљановиќ во третото коло на Ју-ес опен. На социјалните мрежи доби бројни пораки од колегите спортисти, но и од луѓе кои не се од светот на спортот.
Издвојуваме некои:
Меџик Џонсон: Само што бевме сведоци на последниот Ју-ес опен кој го играше најдобрата на сите времиња – Серена Вилијамс. Серена значеше многу за спортот, за тенисот, за светот и за секое мало девојче, а особено за секое црно девојче ширум светот.
Холгер Руне: Вашите достигнувања засекогаш ја испишаа историјата, но борбениот дух што доаѓа од длабочините на вашето срце секогаш најмногу ќе ме фасцинира. Благодарам
Бил Гејтс: Каква кариера. Серена зад себе остава неверојатна тениска кариера која на вистински начин отсликува каков нееднаков третман имаат тенисерките во однос на тенисерите.
Коко Гоф: Серена, ВИ БЛАГОДАРАМ! Поради тебе верувам во овој сон. Влијанието што го имавте врз мене не се опишува со зборови и затоа – благодарам, благодарам, благодарам, ГОАТ!
Мишел Обама: Колку бевме среќни што гледавме како една млада девојка од Комптон расте и станува една од најголемите спортисти на сите времиња. Се гордеам со тебе, пријателке и едвај чекам да ги видам сите животи кои продолжуваш да ги трансформираш со твоите таленти.
Анџелик Кербер: Го променивте тенисот засекогаш Низ сите различни фази во вашата кариера, љубовта кон спортот секогаш беше присутна. Беше вистинска чест да се игра во ерата на која сте симбол.
Серена Вилијамс – 858 победи во кариерата, 23 Гренд слем титули во сингл и 14 титули во двојки, 73 титули на ВТА, 319 недели на првото место, четири олимписки злата… Само дел од достигнувањата на Најдобрата.
"I wouldn't be Serena if there wasn't Venus."@serenawilliams ? @Venuseswilliams pic.twitter.com/C7RZXcf23E
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2022