Top Sport

Серена: Кој е најголемиот на сите времиња? Исус

Серена Вилијамс успешно го започна настапот на Ролан Гарос. Американката во првото коло ја победи сонародничката Кристи Ан (102 на ВТА листата) со 7/6, 6/0. Во второто коло Серена ќе игра против Цветана Пиронкова од Бугарија.

По дуелот со Ан, освојувачката на 23 Гренд слем титули во кариерата, меѓу другите прашања одговорила и за ривалството помеѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер, односно кој е најголемиот во историјата на тенисот.

„Не знам, не сакам да се вклучам во расправите околу тоа кој е најголемиот на сите времиња. За мене најголем е Исус и тоа е тоа“, рекла Серена.

„Секогаш сум била навивач на рафа, а Роџер е Роџер, тоа доволно зборува. Двајцата имаат фантастични кариери, кариери за кои многумина можат само да сонуваат. И едниот и другиот ги заслужуваат сите комплименти“.

Scroll to Top