Top Sport

Шумахер ќе се рехабилитира на Мајорка

Михаел Шумахер, легендата на Формула 1, процесот на рехабилитација по тешката несреќа која му се случи на 29 декември 2013 година ќе ја продолжи во Мајорка. „Марка“ пишува дека семејството веќе го префрлило Шумахер од нивниот дом во Швајцарија, во вилата чии поранешен сопственик е претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Флорентино Перез вилата ја купил во 2005 година, но решил да ја продаде по смртта на сопругата. Имотот се протега на 15.000 квадратни метри, има два базени, хелиодром, вежбална и голем двор со палми.

„Марка“ повикувајќи се на изјавата на поранешната сопруга на Флавио Бријаторе, сопругата на Шумахер, Корина, еден дел од вилата претворила во болница.

Медиумите шпекулираат дека Корина Шумахер во 2018 година за оваа вила платила 30.000.000 евра.

Scroll to Top