Top Sport

Серена се пласира во 12.полу-финале на Флешинг Медоуз

Серена Вилијамс се пласираше во полу-финалето на Ју-Ес Опен (Флешинг Медоуз), со победата над Каролина Плишкова во два сета.

Вилијамс победи 6:4, 6:3 и 12.пат во Њујорк, а вкупно 36.пат на гренд слем турнирите, избори полу-финале. Помладата од сестрите Вилијамс во 37.година од животот го продолжи походот кон седмата титула на Флешинг Медоуз.

Победата над Плишкова е прва за Вилијамс оваа сезона, против тенисерките од Топ 10. Вкупно во кариерата против тенисерки од самиот врв таа има забележано 72 победи.

Плишкова беше таа што успеа прва да направи брејк. Американката возврати во осмиот гем, израмни на 4:4, а потоа доби уште два гема и го заклучи сетот.

Со фуриозната игра продолжи во вториот сет кога лесно дојде до водство 4:0, а Плишкова единствено успеа да да врати еден брејк и да избегне пораз со нула во вториот сет.

Вилијамс во полу-финалето ќе игра против Анастасија Севастова. Летонката во четврт-финалето ја елиминира се уште актуелната шампионка Слоан Стивенс.

Scroll to Top