Top Sport

Серена се подготвува за камбек на Вимблдон

Иако нема играно од минатогодишниот Вимблдон, освојувачката на 23 гренд слем титули, Серена Вилијамс најави дека е можен камбек на овогодишниот гренд слем на трева во Лондон и покрај тоа што има 40 години.

Најавата доаѓа во исто време кога се зголемија шпекулациите за нејзино пензионирање откако нејзиниот долгогодишен тренер Патрик Муратоглу почна да работи со романската тенисерка, Симона Халеп.

Зборувајќи покрај НФЛ ѕвездата Арон Роџерс во Мајами, во видео објавено на нејзиниот Инстаграм, Американката најави враќање.

„Зборувавме за мојот камбек. Тој ме загрева и ме подготвува за Вимблдон. Едвај чекам“, вели Серена.

Откако ја освои својата последна гренд слем титула на Австралија опен во 2017, Вилијамс загуби во четири гренд слем финалиња во кои можеше да го стигне рекордот на Австралијката Маргарет Корт од 24 гренд слем титули.

Scroll to Top