Top Sport

Серена Вилијамс: Не сум во пензија

Американската тенисерка Серена Вилијамс (41) најави дека ќе се врати на тениските терени.

Делуваше дека мечот против Ајла Томљановиќ во третото коло на Ју-ес опен ќе и биде последен во кариерата.

Сепак, Серена на конференција во Сан Франциско изјави дека не се пензионирала.

„Не сум во пензија. Големи се шансите дека ќе се вратам. Можете да дојдете кај мене дома, имам терен каде играм секој ден”, изјави Вилијамс.

Таа дополнително објасни за што се работи.

„Повеќе размислував за транзиција. Можеби најдобриот збор е еволуција. Малку се оддалечив од тенисот за да се фокусирам на други работи што ми се важни. Сепак, никогаш не реков дека повеќе нема да играм конкурентен тенис“, додаде. Серена.

Вилијамс во кариерата има освоено 23 Грен слем титули.

Scroll to Top