Американската тенисерка Серена Вилијамс со победа се врати на теренот по пауза од речиси една година, откако славеше во првото коло на турнирот во Истбурн во конкуренција на двојки.
Серена Вилијамс во двојка со Унс Џабир од Тунис славеше против Чехинката Марија Бузкова и Сара Сорибес Тормо од Шпанија со 2:6, 6:3, 13:11.
Публиката и аплаудираше на Американката која го одигра првиот меч откако се повреди на минатогодишниот Вимблдон. Таа беше принудена да се повлече уште во првото коло на минатогодишниот Вимблдон поради повреда на бутниот мускул, а турнирот во Истбурн служи како подготовка за претстојниот Вимблдон.
Некогаш најдобрата тенисерка во светот моментно е на 1.204 место на ВТА листата.