Top Sport

Серена Вилијамс со поразот од Ајла Томљановиќ ја заврши кариерата

Фантастичната кариера на Серена Вилијамс заврши со пораз во третото коло на Ју-ес опен. Американката, која неодамна најави дека ова најверојатно ќе и биде последен турнир, на крајот одигра епски меч, но загуби од Ајла Томљановиќ со 7:5, 6:7 (4), 6:1.

Мечот навистина беше брилијантен полн со емотивен набој, пресврти, подеми и падови за двете тенисерки, а буквално никој на преполниот стадион „Артур Еш“, остана рамнодушен по тие три часа и пет минути игра.

40-годишната Американка се бореше фантастично, но на крајот немаше сили да го скрши отпорот на упорната Австралијка.

Самата е крива бидејќи имаше многу можности во првите два сета. Многу ризикуваше, удираше со сите сили, но со таквата игра само ги трупаше грешките..

Серена се пензионираше со 23. Грен слем титули, со солзи во очите и високо крената глава таа замина од теренот.

Scroll to Top