Top Sport

Серена во солзи ја напушти прес-конференцијата

Серена Вилијамс не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен. 39-годишната Американка потклекна пред Наоми Осака. Серена остана без можност да се бори за 24 Гренд слем титула во кариерата. На крајот, таа во солзи ја напушти прес-конференцијата.

Еден трофеј и недостигна на Серена за да го израмни рекордот на Маргарет Корт. Прашање е дали ќе успее во тоа, има 39 години и се поблиску е крајот на нејзината кариера.

По завршувањето на мечот, таа долго време остана на теренот. Се поздравуваше со публиката, три пати се поклони пред трибините на „Род Лејвер“ арената и потоа замина во соблекувалната.

Логично, на прес-конференцијата, новинарите ја прашаа дали ова беше нејзиниот последен меч во Мелбурн.

Го сокри одговорот но не и солзите. Прес-конференцијата траеше помалку од четири минути.

„На никого нема да му кажам кога ќе се простам со тенисот“, рекла Серена, а потоа одговорила на прашањето за нејзината лоша игра против Осака.

„Не знам, готова сум“, одговори низ солзи и ја напушти прес-салата.

Scroll to Top