Серена и Венус Вилијамс немаат играно двојки од Ролан Гарос во 2018 година, но ќе бидат партнерки последен пат на САД опен, откако добија вајлд-карта од организаторите на последниот календарски гренд слем. Серена ќе се повлече од спортот по настапот во Њујорк, а исто така ќе игра и во сингл во последен обид да стигне до 24. гренд слем титула.
Двете сестри имат 14 титули во двојки, освојувајќи го и САД опен во 1999 и 2009 година. Шесткратната шампионка во сингл од Њујорк, Серена во моментов е на 608. место на ВТА листата и го стартува гренд слемот против Црногорката Данка Ковиниќ. Венус, н 1.445. место на ВТА листата, почнува против Белгијката Алисон ван Ујтванк.