Top Sport

Шампионот Џошуа открива: Станав боксер од страв од затвор

Светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа признава дека стравот од затвор му помогнал да го „сврти“ животот и да стане боксерска суперѕвезда.

Во 2009 година, популарниот Еј Џеј поминал две недели во затворот во Рединг поради тепачка и продавање дрога, и тој момент бил клучен во неговиот живот и кариера. По ова следуваше олимпиското злато во Лондон во 2012 година и блескавата професионална кариера во која стана ВБА, ИБФ и ВБО шампион во тешка категорија.

„Кога излегов со кауција, почнав да учам бокс и да кревам товар. Си помислив дека ако е потребно да поминам подолго време со тие идиоти во затвор, морам да бидам силен. Затоа кревав тегови заедно со мојот братучед во нашата дневна соба. Морав да работам и да останам фокусиран на вистинскиот пат. Тоа останува битка за мене и денеска, но сега знам како да се контролирам“, вели Џошуа.

30-годишниот Џошуа, кој сега е и татко, вели дека сака да прати порака на следбениците на социјалните мрежи да не се откажуваат лесно.

„Немав цел да имам 10 Бентлија, 100 Ферарија или големи пари, бидејќи прво ми беше важно моето семејство, а потоа и мојата заедница. Се жртвував постојано, иако на социјалните мрежи изгледа дека се работи само за уживање“, додава Џошуа.

Scroll to Top