Top Sport

Шампионот Нгану замина од УФЦ, Џонс и Гане за појасот на 4 март

УФЦ шампионот во тешка категорија, Камерунецот Френсис Нгану веќе не е член на УФЦ федерацијата, откако го одбил „највисокиот“ договор во ММА историјата, потврди шефот на УФЦ, Дејна Вајт.

„Тој може да оди каде што сака и да прави што сака. Му понудивме договор со кој ќе беше најдоброплатениот тешкаш во историјата, но тој ја одби“, открива Вајт.

Тој исто така потврди дека наследникот на титулата ќе се бара во пресметката на Американецот Џон „Боунс“ Џонс и Французинот Сирил Гане на 4 мај во Лас Вегас на УФЦ 285.

Scroll to Top