Top Sport

ПСЖ го напуштаат „Паркот на принцовите“ по конфликтот со градоначалничката

Пари Сен-Жермен најавија напуштање на „Паркот на принцовите“ по конфликтот со градоначалничката на Париз околу можноста да го купат стадионот. Иако играат на стадионот од своето основање во 1970 година и вложувањето на милиони во подобрување на условите, Ан Идалго, градоначалничката на Параиз потврди дека нема намера да го продаде стадионот на ПСЖ.

„Ние имаме целосно јасна позиција. ‘Паркот на принцовите’ не е на продажба и нема да биде на продажба. Ова е дефинтиивна позиција и стадионот треба да биде наследство на сите парижани“, вели Идалго.

ПСЖ веднаш одговори.

„Изненадувачки и разочарувачки е да се слушне дека градоначалничката на Париз има позиција која ќе го натера клубот, нашите фанови и заедницата надвор од ‘Паркот на принцовите’ и во исто време додавајќи десетици милиони евра трошоци за даночните обврзници за стадионот, кој е 50 години стар и кому му е потребна обнова. За потенцијалната продажба преговараме долго време и сега клубот, за жал, мора да бара друго решение за свој дом“, се вели во објавата на ПСЖ.

ПСЖ наводно веќе вложиле 85 милиони евра во стадионот и биле подготвени за дополнителна инвестиција од 500 милиони евра доколку им било дозволено да го купат стадионот.

Scroll to Top