Top Sport

Шампионскиот појас на Али продаден за шест милиони долари

Американскиот бизнисмен Џим Ирсеј за 6.180.000 долари го купи шампионскиот појас на боксерската легенда Мухамед Али. Али појасот го освои во 1974 година, во мечот со Џорџ Форман наречен „Грмотевица во џунглата (Rumble in the Jungle) “.

Сопственикот на НФЛ франшизата, Индијанаполис Колтс на Твитер напиша дека е „горд што станал чувар“ на историскиот појас на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

Ирсеј даде до знаење дека може да го покаже појасот на изложбата на неговата колекција во август во Чикаго и во Индијанаполис во септември.
Бизнисменот е познат како редовен купувач на интересни предмети. Тој е сопственик на гитари кои им припаѓале на Елвис Присли, Џон Ленон и Принс. Исто така во негова сопственост е и оригиналниот ракопис на „Водичот за анонимни алкохоличари“ напишан од Бил Вилсон во 1939 година.

Али го победи претходно непоразениот Формен во Киншаса, Заир (сега Демократска Република Конго) со нокаут во осмата рунда и ја освои светската титула во тешка категорија.

Али, кој почина во 2016 година на 74-годишна возраст, ја држеше титулата на ВБЦ се додека не беше поразен од Леон Спикс во 1978 година.

Scroll to Top