Канадскиот тенисер Денис Шаповалов денеска со 3-2 (по сетови 6:4, 3:6, 5:7, 6:1, 6:4) го совлада во четвртфиналето на Вимблдон рускиот тенисер Карен Хачанов и закажа полуфинален двобој со првиот на АТП листата – Новак Ѓоковиќ.
„Имаше моменти кога мислев дека е подобар од мене, но вие ме одржувавте во игра, ме поддржувавте и благодарен сум ви за тоа“ рече Шаповалов по мечот обраќајќи се на публиката во Лондон.
Следен ривал за 12-от светски тенисер ќе му биде Новак Ѓоковиќ против кого ги загуби сите досегашни 6 дуели.
„Тој е најдобриот на свет, но мислам дека се е можно. Кога ќе погледнете на почетокот на мечот, ќе биде 0:0. Ништо друго не е важно, тоа е тениски меч и може да тргне на било која страна. Верувам дека се е можно“ рече Шаповалов.
Полуфиналето се игра во петок.
Во овие моменти се одредува втората почуфинална двојка. Во четвртфиналниот дуел меѓу Роџер Федерер и Хуберт Хуркач се игра вториот сет, Хуркач води со 1-0. Во тек е и мечот меѓу Беретини и Оже-Алиасим, таму Италијанецот има предност во првиот сет.