Top Sport

Бонучи: Против Шпанија го одиграв најтешкиот меч

„Ова беше најтешкиот меч кој сум го одиграл, но сега кога сме на чекор до целта, мораме да се опоравиме и да го направиме последниот, најважниот чекор“. Ова го изјави дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи откако синоќа „Азурите“ на пенали славеа против Шпанија на ЕУРО 2020 и се пласираа во големото финале.

Единствениот трофеј на ЕП Италија го освои во 1968 година, а во 2000 и во 2012 година губеа во финалниот меч.

„Во финалето мораме да одиграме со истиот став и да го освоиме трофејот кој ни бега веќе 50 години“ истакна Бонучи.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини изјави дека е посебно среќен поради тоа што го усреќија италијанскиот народ.

„Играчите од првиот ден веруваа дека можат да направат нешто неверојатно. Сакавме да играме поинаку, успеавме и сега ни остана само уште еден чекор“ рече тој.

Противник на „Азурите“ во недела од 21 часот ќе биде поуспешниот од денешната пресметка меѓу Англија и Данска.

Scroll to Top