Top Sport

Шаповалов се извини за пцуењето на публиката во Рим

Канадската тениска ѕвезда, Денис Шаповалов се извини за губењето на контролата при победата од 7:6(5)/3:6/6:3 над Лоренцо Сонего, кога на публиката во Рим им викаше а замолчат.

При резултат 4:3 за Сонего во вториот сет, Канаѓанецот се расправаше со супервизорот на мечот, кој му ги објаснуваше правилата, а кога публиката почна да го свирка, тој се сврте кон нив и им порача „е.ано да замолчат“.

По мечот, тој изјави дека имало навивач кој посебно го имал на мета со извиците, но посочи дек ужива да игра во Италија и дека нема проблем со фановите.

„Очигледно, тоа беше во жештината на моментот. Морам да бидам подобар во такви моменти. Но, сум играл во Рим повеќе пати, фановите ме сакааат и јас ги сакам фановите. Дури и по мечот немаше проблеми да разговарам со дел од нив и да се фотографирам. Сакам многу мечеви во Рим, но секако не против Италијанци“, изјави Шаповалов.

Scroll to Top