Канадскиот тенисер Денис Шаповалов (14. на АТП листата) за само 50 минути го победи Американецот Тејлор Фриц (АТП-23) со 6-3 и 6-0 во првиот меч од егзибицискиот турнир „Mubadala World Tennis Championship“ во Абу Даби.
Шаповалов со оваа победа влезе во полуфиналето и утре ќе игра против петтиот светски играч – Андреј Рубљов од Русија.
Шестопласираниот на АТП листата – Рафаел Надал од Шпанија, пак, утре ќе има дуел со стариот познаник, Британецот Енди Мареј.
Мареј попладнево со 2-0 (по сетови 6-3 и 6-2) беше подобар од сонародникот Даниел Еванс.
Победникот на турнирот во Абу Даби ќе добие 250.000 американски долари.