Top Sport

Олмо одби понуда од 7.5 милиони евра од Динамо Загреб

Дани Олмо очигледно е решен што е можно побргу да замине од Динамо Загреб по пет години кај хрватскиот шампион, откако според хрватските медиуми неговиот татко и агент одбил понуда за продолжување на договорот вредна 7.5 милиони евра.

Микел Олмо не се согласил неговиот син да потпише петгодишен договор со кој би заработувал 1.5 милиони евра по сезона, огромно покачување на платата од сегашните 250.000 евра по сезона. Во Динамо се свесни дека нема да успеат да го заддржат младиот Шпанец пет сезони во клубот, но така ќе можат да имаат подобра стартна позиција во преговорите за фудбалерот кого го ценат на над 40 милиони евра.

Олмо продолжува да тренира со Динамо и чека нова понуда, откако наводно беше одбиен првиот контакт од неговиот матичен клуб Барселона, која понуди премалку пари за хрватскиот клуб.

Scroll to Top