Top Sport

Шарапова ја прекрати сезоната, ќе паузира до 2019

Марија Шарапова реши да ја прекрати сезоната 2018 и да се повлече од трите преостанати турнири на кои требаше да се натпреварува, потврдија од Руската тениска федерација.

Шарапова сака да се одмори и нема да учествува на Кина опен, Тијанџин опен и Кремљ купот во Москва по лошата сезона. Таа планира да ја почне новата сезона во Шенжен, Кина, каде што стартуваше и лани и стигна до полуфиналето.

Тоа беше само еден од двата турнири на кои 31-годишната Шарапова го помина четврт-финалето, но двапати загуби во полуфиналето. На гренд слем турнирите, Русинката немаше најдобар настап – стигна до четврт-финалето на Ролан Гарос, до осминафиналето на САД опен, но загуби во третото коло на Австралија опен и во првото коло на Вимблдон.

Scroll to Top