Top Sport

Шарапова контра Серена: Сѐ во мојата книга е вистинито

Марија Шарапова ги отфрли обвинувањата на својата „вечна“ ривалка Серена Вилијамс дека автобиографијата на Русинката се состоела со „100 отсто шпекулаци“, инсистирајќи дека контроверзите се целосно вистинити.

„Кога пишуваш автобиографија, нема причина да пишуваш нешто што не е вистинито“, изјави Шарапова по поразот во четврт-финалето на Ролан Гарос од Гарбиње Мугуруза.

Серена и Маша требаше да се судрат во четвртото коло во Париз, но Американката се повлече пред нивниот 22 меч поради повреда. Претходно, Вилијамс призна дека ја читала автобиографијата „Незапирлива“ на Шарапова, во која Русинката пишуваше дека несогласувањата со Серена почнале по победата над неа во финалето на Вимблдон во 2004 година.

„Мислам дека Серена ме мразеше бидејќи јас бев слабо дете кое покрај сѐ ја победи на Вимблдон. Малку подоцна чув дека Серена на нејзина пријателка и кажа: ’Никогаш нема да загубам од таа мала кучка повторно’“, стои во книгата на Шарапова.

Русинката инсистира дека нема неточни работи во автобиографијата и ја бранеше одлуката неколку пати да пишува за Вилијамс (која ја нема победено од таа 2004 година).

„Мислам дека ќе беше чудно да не вклучев некој против кого се натпреварував толку многу пати. Има многу автобиографии, посебно во спортот, во кои луѓето не сакаа да пишуваат за своите ривали. Но, по толку мечеви, од кои некои ме дефинираа како спортистка би било чудно да нема ништо за Серена“, додава Шарапова.

На Серена не и се допаѓа автобиографијата на Шарапова

Scroll to Top