Top Sport

ФИА го објави стандардот за новите кациги за 2019 (видео)

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ги објави стандардите кои секоја тркачка кацига во Формула 1 треба да ги исполнува за следната сезона.

Со подобрениот дизајн ќе има поголема безбедност, според ФИА со „напредна балистичка заштита“ и „зголемена апсорпција на енергија“. ФИА работеше со повеќе производители на кациги (Стило, Бел, Шуберт и Араи) во истражувањето.

Врвот на визирот на кацигата е поместен подолу за 10 милиметри за да се добие поголема заштита од летечки објекти, а конструкцијата на кацигата ќе има задолжителни композитни материјали за да се зголеми отпорноста кон гмечење и пенетрација.

„Сегашните кациги кои се користат во Формула 1 и сега се најбезбедни на светот, но со новиот стандард одиме на ново ниво. Најважно е да се задржи желбата за подобрување на безбедноста на нашите возачи“, вели директорот за безбедност на ФИА, Лорен Мекис.

Scroll to Top