Марија Шарапова во својата кариера заработи милиони од тенисот, и уште милиони од својот бизнис со слатките „Шугарпова“, но вели дека никогаш не заборава од каде и како стигнала до своето богатство.
Шарапова имаше само шест години кога се пресели на Флорида заедно со својот татко Јури од Сибир, додека нејзината мајка остана во Русија. Петкратната гренд слем шампионка вели дека без своите родители не би била ништо во животот.
„Мојот татко никогаш не веруваше дека е сиромашен. Дојдовме од место каде што таа сума пари не значеше дека си сиромашен и можевме да живееме како нормално семејство. Мајка ми и татко ми можеа да имаат нормална работа и можев да одам во училиште како секое дете. Но, тие ги жртвуваа своите животи бидејќи видоа талент во мојот тенис и добија препораки од луѓе кои го познаваа спортот. Мислам дека татко ми гледаше на тенисто како забавна активност, а на мајка ми не и беше многу грижа. Но, тогаш направија голема одлука да ме однесат во земја каде што тенисот беше нешто поинаку. Беше тешко, но татко ми не престана да верува во мене и во тоа дека еден ден ќе имаме повеќе, барем еден долар, барем една победа повеќе“, вели Шарапова.