Top Sport

Шарапова со помош за Порторико

Марија Шарапова потврди дека ќе оди во Порторико следната недела за да помогне по катастрофалните последици од ураганот Марија.

Карипскиот остров доживеа огромна штета од ураганот минатиот месец и околу 1 милион луѓе уште немаат вода за пиење. Шарапова играше егзибициски меч против олимписката шампионка Моника Пуиг во Сан Хуан минатиот декември, а сега повторно со својата колешка ќе се обиде да помогне на жителите на островот.

Пуиг постави страница за помош по ураганот, и досега има собрано над 130.000 долари. Шарапова веќе вети дека целиот профит од нејзиниот бизнис за производство на слатки „Шугарпова“ ќе оди во фондот за помош, додека австралискиот тенисер Ник Кирјиос реши да донира 50 долари за секој ас.

„Прекрасно е што имаме поддршка од другите тенисери кои се грижат што се случува кај нас. Јас сум единствена тенисерка од Порторико, но со помош на Марија од понеделник ќе помогнеме лично“, изјавиПуиг.

Scroll to Top