Top Sport

Селекторот на Словенија повика шестмина од Евролигата

Селекторот на актуелниот европски првак во кошарка, репрезентацијата на Словенија, Радован Трифуновиќ, го објави списокот на играчи за првите два натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2019 година.

Трифуновиќ, кој на клупата го наследи Игор Кокошков, повика и шестмина кошаркари кои настапуваат во Евролигата: Лука Дончиќ, Ентони Рендолф, Алексеј Николиќ, Зоран Драгиќ, Едо Муриќ и Јури Мацура.

Европскиот првак на 24 ноември ќе ја пречека Белорусија, а два дена подоцна ќе гостува во Шпанија.

Инаку, играчите кои играат во Евролигата на 23, односно 24 ноември играат редовно коло откако ФИБА и Евролигата не се договорија околу поместување на термините.

На списокот на Трифуновиќ се наоѓаат: Влатко Чанчар, Едо Муриќ, Јака Блажиќ, Жига Димец, Лука Дончиќ, Тадеј Фарме, Зоран Драгиќ, Грегор Хорват, Јан Коси, Миха Лапорник, Јуриј Мацура, Блаж Махковиќ, Блаж Машичек, Алексеј Николиќ, Ален Омиќ, Клемен Препелич, Ентони Рендолф, Матиќ Ребец, Лука Рупник, Жан Марк Шишко, Гашпер Видмар и Саша Загорац.

Scroll to Top