Поранешната гренд слем шампионка, Марија Шарапова признава дека не знае какви ќе и бидат плановите за остатокот од тениската сезона, по разочарувачкиот пораз од 6:3/6:4 од Дона Векиќ во првото коло на Австралија опен.
„Навистина не знам што ќе се случи. Тешко е да кажам што ќе биде за 12 месеци. Не сум размислила за тнеискиот распоред. Пензија? Не знам“, вели Шарапова.
Русинката во кариерата освои пет гренд слем титули, но нејзината кариера доживеа драматичен пад откако доби 15-месечна суспензија за позитивен тест на контроверзното средство мелдониум. Таа тврдеше дека го користела средството за срцеви болести десет години по совет од семејниот лекар.
Will we see @MariaSharapova back in Melbourne?
Only time will tell….#AO2020 | #AusOpen pic.twitter.com/trB66qxN0S
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2020