Top Sport

Шарапова немоќна пред Векиќ

Некогаш најдобрата тенисерка во светот Марија Шарапова во првото коло го заврши својот настап на Австралија опен. Победничката на овој турнир во 2008 година загуби од Дона Векиќ во два сета.

Тенисерката од Хрватска славеше над Шарапова со 6/3, 6/4. Векиќ во второто коло ќе игра против победничката од мечот помеѓу Ализ Корне и Моника Николеску.

По мечот Шарапова не ја исклуи можноста дека оваа година може да биде последна во нејзината кариера.

Убедлива победа во првото коло забележа Американката Медисон Киз, која ја декласира Дарија Касаткина со 6/3, 6/1.

Во два сета првото коло го минаа Елена Рибарикова и Чијанг Ванг, додека сет повеќе играа Алисон Рицке и Аранча Рус која во второто коло ќе игра против Киз.

Scroll to Top