Марија Шарапова и се приклучи на олимписката шампионка во тенис, Моника Пуиг во помошта на Порторико по ураганот минатиот месец кој остави пустош на карипскиот остров.
Покрај 50-те жртви и многу повеќе исчезнати луѓе по ураганот Марија, Пуиг реши да дојде во својата татковина заедно со Шарапова во посета на повредените во болницата во Сан Хуан и да донесе помош за преживеаните.
Пуиг, која лани стана првата олимписка шампионка од Порторико со шокантната титула во Рио де Жанеиро собра над 120.000 долари за помош, додека Шарапова вети дека целиот профит од нејзиниот бренд слатки „Шугарпова“ до крајот на 2017 година ќе оди во донации.
„Знаеме колку се прекрасни луѓето од Порторико и затоа сакавме да поминеме малку време со нив. Ние сме професионални тенисерки, но на крајот и ние сме луѓе и ја чувствуваме нивната болка и тага“, изјави Шарапова на прес-конференцијата на аеродромот „Луис Муњоз Марин“ во Сан Хуан.
Hola ??!! We made it back! ? pic.twitter.com/yGlVec0D7M
— Maria Sharapova (@MariaSharapova) October 23, 2017