Францускиот тенисер Жереми Шарди смета дека „белиот спорт“ би можел да стане поинтересен отколку што е денес. Тој предлага промени кои би влијаеле играта да се забрза и да стане подинамична.
Шарди истакнува дека мечевите некогаш траат предолго, пред се грен слемовите.
„Гледањето тенис може да трае долго. Јас сум за промени, се додека тие не го расипуваат нашиот спорт. Може да се скратат сетовите или да се укинат некои тајм-аути, како што е медицинскиот“ вели францускиот тенисер.
На слична тема неодамна зборуваше и неговиот колега, Французинот Ришар Гаске.
„Не знам некој кој тенисот го сака повеќе од мене, но не можам да гледам Ролан Гарос повеќе, не можам да гледам 4 или 5 сета, дури и да е Федерер-Надал. Кога гледате еден час и 20 минути, па биде 7:6 0:1, јас су веќе уморен. Тоа е заморно“ рече Гаске.