Французинот Жереми Шарди оствари една од своите најголеми победи во кариерата, откако со 4:6/6:2/6:4 го совлада светскиот рекет број 4, Данил Медведев на Мастерсот во Париз.
Шарди направи брејк во седмиот гем од 13 поени во последниот сет, по што имаше нерви да го комплетираше триумфот пред домашната бучна публика. Медведев пред овој меч имаше низа од девет победи едноподруго по поразот од Рафаел Надал во финалето ан САД опен, освојувајќи ги титулите во Синсинати и Шангај. Русинот исто така имаше шест последователни финалиња.
32-годишниот Шарди успеа да спаси 14 од 15 брејк-поени, вклучувајќи го во гемот во кој сервираше за сет, за да влезе во третото коло на домашниот Мастерс 1000 турнир првпат во кариерата.