Top Sport

Шефот на ирската мафија Даниел Кинахан е најзаслужен за мечот Фјури-Џошуа!

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури вчера склучија договор за два меча во 2021 година, по што е можно да добиеме апсолутен шампион во тешка категорија, но ирските медиуми веднаш забележаа дека Фјури во пораката се заблагодари на еден, малку е да се каже, контроверзен лик, Даниел Кинахан.

Дуелот на двајцата британски шампиони сигурно ќе донесе милиони за нив и за нивните менаџерски компании, а Фјури лично му се заблагодари на Кинахан, ко-основачот на менаџерската компанија „МГМ“, која подоцна стана „МТК глобал“.

„Ден успеа во последен момент. Господ да го благослови Даниел Кинахан“, изјави Фјури во видеото.

Кинахан е жител на Дубаи заедно со неговиот брат Кристофер и тие се посебни советници на компанијата „КХК спортс“ во Бахреин, во сопственост на Шеик Калид бин Хамад Ал-Халифа, петтиот во линијата на наследство на круната на Бахреин.

Кинахан неодамна беше објавен на листата на американската ФБИ и ДЕА како еден од најпознатите дилери на дрога кој се обидува со своите врски во боксот и ММА борбите да го легитимизира неговиот бизнис.

„Името на Даниел Кинахан е познато кај полициските агенции низ целиот свет поради убиствениот поход на картелот Кинахан. Тие оперираат на светска сцена и нивните членови нема да можат да влезат во САД“, предупредува ФБИ.

Тој исто така е советник на промотерот Боб Арум и човекот кој го убеди Фјури да потпише за „Топ Ренк“ во САД и човекот кој ги носи боксерските атракции на Блискиот Исток.

Кинахан во 2010 година беше во центар на рација во Шпанија кога беа уапсени 31 човек во Ирска, Велика Британија и Шпанија.

Тој долго време е пријател со Фјури, со кого го поврзува истото потекло, од таканаречените ирски Травелери, ромска етничка заедница од Ирска и Велика Британија.

Џошуа и Фјури договориле два меча!

Scroll to Top