Top Sport

Шефот на Ролан Гарос е јасен: Сакаме финале Федерер-Надал!

Директорот на Ролан Гарос, Ги Форже вели дека би бил пресреќен доколку кам-бекот на Роџер Федерер на гренд слемот на земја биде одбележан со големо финале против Рафаел Надал, апсолутниот доминатор со 11 титули на турнирот.

„Да имаме финале помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал? Мислам дека милиони гледачи би биле воодушевени од такво нешто. И јас исто така“, вели Форже.

Форже, како и Федерер беше тенисер кој играше бекхенд со една рака, а по пензионирањето беше капитен на Дејвис куп репрезентацијата, пред во 2016 да го преземе Ролан Гарос по отпуштањето на Жилбер Исерн.

„Денот кога Роџер Федерер ќе се пензионира сите ќе посакуваме да има повеќе млади тенисери кои ќе посакаат да играат офанзивен тенис со една рака. Не знам како го прави тоа толку бргу и толку добро“, вели Форже, кој во кариерата највисоко беше на 4. место на АТП листата.

Scroll to Top