Top Sport

Хицфелд: Во Барселона во 1999 не оддува оркан

Отмар Хицфелд вели дека уште го чувствува „орканот“ од 1999 година во Барселона. Швајцарскиот тренер така го нарекува извикот на навивачите на Манчестер јунајтед кога Теди Шерингам израмни во финалето на ЛШ во еден од најлегендарните мечеви од ова натпреварување.

Во тие катастрофални три минути за Баварците, се „лизна“ титулата од Лигата на шампионите, откако прво Шерингам, а потоа и Оле Гунар Солксјер ја донесоа втората европска круна за клубот од „Олд Трафорд“. Дваесет години подоцна, Хицфелд за жал поради здравствени причини нема да биде тренер на ветераните на Баерн во јубилејниот меч овој викенд. Тој вели дека уште не гледа логика во тој меч.

„Како се распаднавме? Не можам да објаснам. Сер Алекс Фергусон тогаш ми кажа само ’неверојатно’. Не ми се извини, но чувството беше такво. Секогаш имаше голема почит меѓу нас двајца, но потоа никогаш не зборувавме за тој меч. Што би кажале? За еден од нас тоа беше најдоброто нешто, за другиот најлошото“, вели Хицфелд.

70-годишниот Хицфелд ги совлада Јунајтед дома и во гости на патот до титулата од ЛШ со Борусија Дортмунд во 1997 и потоа во 2001 година кога се одмаздија за поразот и го кренаа трофејот. Последниот меч како тренер го имаше на СП во 2014 година, кога му избегаа пенали против Аргентина за само две минути како селектор на Швајцарија.

„Одиш понатаму. Не остануваш цел живот да сонуваш за тоа што можело да се случи“, вели Хицфелд, кој е пензиониран во својот роден град Лорах во близината на Базел.

Scroll to Top