Top Sport

Чави: Нема сомнеж, Лео Меси е најдобриот во историјата

Неговиот поранешен соиграч, Чави, смета дека Лионел Меси е убедливо најдобриот фудбалер во историјата на спортот, но додава дека во галеријата на најдобри спаѓа и уште еден негов поранешен соиграч, Роналдињо.

Меси е освојувач на рекордни шест „Златни топки“ и заедно со неговиот вечен ривал, Кристијано Роналдо е сметан за најдобриот во модерната фудбалска ера.

„Меси е најдобриот во историјата, но и Роналдињо е меѓу најдобрите, пред големиот број на добри фудбалери. Роналдињо е во групата со Роналдо ’Феномено’, со Кристијано Роналдо, во таа елитна група. На Роналдињо можеби малку му недостасуваше постојаност, а Меси е на врвот поради тоа“, вели Чави во интервју за бразилскиот „Глобо еспорте“.

Меси има постигнато 24 гола во 31 меч оваа сезона пред фудбалската сезона да биде сопрена поради пандемијата на корона вирусот.

Scroll to Top